Британски новинар против носењето хиџаб на телевизија
Британскиот новинар Келвин Мекензи, поранешен главен уредник на таблоидот „Сан“, се спротивстави водителка на вести на телевизијата Канал 4 да биде облечена во хиџаб, традиционална женска муслиманска облека.
Според Мекензи, тоа е посебно неприфатливо, додека на програмата оди извештај за терористичкиот напад во Ница, во кој, како што пишува новинарот, „еден муслиман изврши масакр убивајќи 84 невини лица“.
Повод за ваквата реакција на овој познат британски новинар се Вестите на лондонскиот Канал 4, во која новинарката Фатима Манџи, пред телевизиските камери се појави во хиџаб, што и ја покрива целосно главата, додека се емитуваше опширниот извештај за нападот на француската Ривиера.
- Не можев да поверувам што гледам, напиша Мекензи во својата редовна колумна во „Сан“.
Тој прашува „дали е примерно“ новинарката да се појави така облечена додека со репортерот од самото место на терористичкиот напад се прикажува прилогот од Ница со многу слики од она што остави зад себе терористот.
Мекензи тврди дека облеката хиџаб за обичните гледачи претставува симбол за „поробеноста на муслиманските жени“.
Телевизијата Канал 4 го оквалификува коментарот на Мекензи како „целосно неприфатлив“. Во специјалното соопштение се вели дека станува збор за „навредлив коментар“ во кој има и „верска и расна омраза“.
Редакцијата на „Сан“ одби да дава оценки за колумната на Мекензи.
Британската независна организација за новинарски стандарди (ИПСО) соопшти дека примила преку 800 приговори и забелешки на пишувањето и ставовите на Келвин Мекензи, кои рече дека ќе бидат разгледани.
Ново на Сител
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена