Царовска: Вложуваме во подобро образование, затоа што знаеме дека тоа е најисплатливата инвестиција
Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска, вечерва на маалска средба со жителите на Општина Кисела Вода заедно со кандидатот за градоначалник на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, разговараше за сработеното во изминатиот период, но и за новите предизвици и очекувања на граѓаните. Царовска изрази задоволство што е помеѓу жителите од кои директно може да ги слушне нивните барања.
„Изминатите четири години како владејачка партија со нашите коалициони партнери, огромно внимание посветивме на развој на подобри услови за живот, школување и вработување на младите. Во таа насока се и образовните реформи со кои го подобруваме квалитетот на наставата, но и ги подготвуваме сегашните и идните генерации за идните работни места и времето коешто допрва ни доаѓа“, рече Царовска.
Потпретседателката на СДСМ истакна дека и покрај тоа што сме во услови на пандемија, како партија која води вистинска грижа за учениците и младите успеавме да донесеме целосно нова Концепција за основно образование, да подготвиме и испечатиме целосно нови учебници за прво одделение, и да создадеме први дигитални материјали за учење за 4-то одделение.
„После година и половина ги отворивме училиштата за сите ученици под безбедносни протоколи и мерки за заштита, затоа што учењето во училница е најдобра опција. Училиштата ги подготвивме за имплементација на реформите во прво и четврто одделение со потребните нагледни средства, дидактика, смарт табли, таблети и слично. Овој процес не го запираме овде, туку продолжуваме уште посилно да вложуваме во нова инфраструктура и да ги подобруваме условите за настава во училиштата не само овде во вашата населба и општина, туку и на ниво на цела држава. Затоа што СДСМ знае дека инвестицијата во образование е најисплатливата инвестиција на државата. За да ги продолжиме сите овие реформски процеси кои се исклучиво во интерес на граѓаните, потребна ни е важата доверба и соработка и во наредниот период“, рече Царовска.
Царовска потенцираше дека за реконструкција и санитарните јазли и за реконструкција на дел од подната плоча на објектот на училиштето ,,Златан Сремец’’ што го посетуваат 200 деца, се инвестирани над 5,1 милион денари, а во ОУ ,,Кузман Шапкарев во населба‘’ во Драчево реновирани се санитарните јазли, за што се обезбедени над 5 милиони денари во 2020 година.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
|
|
Ново на Сител
-
Трамп го назначи Стивен Милер за заменик-шеф за политика во новата администрација
-
СДСМ: Mицкоски сака да го партизира судството
-
Стејт Департмент: Блинкен ќе се сретне со израелскиот министер Дермер, САД инсистираат на поголема хуманитарна помош за Газа
-
Израел соопшти дека Хезболах истрелал 165 ракети кон северен Израел
-
ДСЗИ ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на починатото петгодишно дете
-
Откриена огромна мрежа на фалсификати во Италија, ги лажирале делата на Моне, Ван Гог…
-
Курти: Прво Бриселскиот, а потоа и Вашингтонскиот договор
-
Белата ајкула-дух пронајдена во близина на островот Сазан во Албанија го воодушеви светот