Церар: Словенија подготвена за бегалскиот бран
Словенија е подготвена за можно доаѓање на поголем број бегалци, но при тоа ќе ја гарантира и безбедноста на своите граѓани, изјави денеска словенечкиот премиер Миро Церар за време на посетата на Прекумурје, во североисточниот дел на земјата, каде изминатиот период е забележан помал број на илегални преминувања на границата.
Тој соопшти дека словенечката министерка за внатрешни работи Весна Ѓеркеш Жнидар ги информирала за моменталната ситуација членовите на Владата, при што оценила дека постои добра координација во меѓуресорската група, која работи на бегалската проблематика.
Церар нагласи дека Словенија добро се подготвила за можниот бегалски бран и за сместување на бегалци во повеќе од десет општини ширум земјата.
- Кон бегалците треба да се почитува начелото на хуманост и солидарност, но истовремено да се гарантира безбедноста на нашите граѓани, предупреди Церар.
Словенија на последниот состанок на министрите за внатрешни работи на земјите од Европската унија се согласи за прием на неколку стотици мигранти и бегалци, но и натаму е против одредување на задолжителните квоти за земјите од ЕУ, кога ќе се примаат повеќе стотици илјади бегалци, а при тоа да не се води сметка за економските и интеграциските можности на одредени членки.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата