Чавушоглу: Турција има докази дека Ѓулен стои зад обидот за преврат
Турските власти имаат илјадници докази дека „терористичката организација на Фетулах Ѓулен“ стои зад обидот за преврат во земјата јули годинава, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.
- Ѓулен е мозокот на таа крвава терористичка организација. Сите уапсени во врска со превратот признаа дека обидот за преврат бил извршен по наредба на Ѓулен, рече турскиот министер.
Како што објави весникот „Туркие", Чавушоглу, кој вчера учествуваше во есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) во Стразбур, истакна дека турските власти по обидот за преврат првично немале намера да воведат вонредна состојба, но дека тоа се покажало неизбежно.
- Планиравме за овие три месеци да го извршиме неопходното, по што би ја укинале вонредната состојба. Сепак, ситуацијата е толку сложена, што три месеци дури и не беа доволни. Моментно 80 отсто од турските граѓани ја подджуваат вонредната состојба, потенцира Чавушоглу.
Тој исто така нагласи и дека е против враќањето на смртната казна во Турција, идеја која беше исто така актуелна летово по неуспешниот преврат.
По прашањето за борбата против тероризмот, поконкретно - против Исламска држава, Чавушоглу истакна дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е најголемиот непријател на ИД.
Турскиот министер уште еднаш нагласи дека Турција е онаа која го носи бремето од бегалската криза, упатувајќи критики кон Европа поради недоволната помош, која и ја пружа на Анкара, пишува весникот.
На прашање на претставник на најголемата опозициска сила во Турција, Републиканската народна партија (ЦХП), во врска со базата „Инџирлик“, Чавушоглу одговорил дека таа се користи од пет држави и Турција. - Во рамки на борбата против ИД, во воздухопловната база свои сили имаат САД, Германија, Данска, Катар и Саудиска Арабија, појасни тој.
„Туркие" натаму во текстот наведува дека во САД веројатно ќе бидат затворени три училишта на Ѓулен. Според весникот, се очекува деновиве властите во Лос Анџелес да донесат одлука за затворање на три образовни институции на групата „Магнолија", која е поврзана со Ѓулен.
Повикувајќи се на напис во „Лос Анџелес Тајмс", „Туркие“ дополнува и дека приближно 100 учители од Турција биле ангажирани како предавачи во тие три училишта на „Магнолија".
Ново на Сител
-
Во Русија лани биле протерани двојно повеќе мигранти
-
Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека
-
Кривична за екс-началникот на Одделот за воздухопловство
-
Димитриевски со Валенсија избори осминафинале во Копа дел Реј
-
Артета: Топката во Лига купот е многу различна од топката во Премиер лигата и мора да се навикнеш на неа
-
Пуштање во употреба реконструирано фудбалско игралиште во Неготино
-
Украина ја нападна нафтената база во рускиот град Енгелс, која служи за стратегиски бомбардери
-
Намалени и извозот и увозот, трговскиот дефицит до ноември лани 2,9 милијарди евра