Чешка ги зголемува безбедносните мерки поради нападот во Берлин
Во врска со синоќешниот напад во во Берлин, чешката полиција ги зајакнува безбедносните мерки на местата со висока концентрација на луѓе, јави дописникот на МИА од Прага.
Министерот за надворешни работи Милан Хованец, изјави дека најдоцна до денеска наутро на чешките улици ќе бидат распоредени полицајци со автоматско оружје.
Тој, не конкретизираше дали постои можност за зголемување на степенот на опасност од тероризам и не ја исклучи можноста во заштитата на безбедноста да се вклучи и Армијата.
- Распоредувањето на војската се применува само во случај ако се зголеми загрозувањето на Чешка од терористичка закана, рече Хованец, додавајќи дека засега нема причина да се зајакнат патроли на чешко-германската граница.
Синоќа, во централната област на Берлин, Шарлотенбург, камион се втурнал во посетителите на Божиќниот пазар при што најмалку 12 загинаа, а 48 се повредени.
Ново на Сител
-
МО: Оштетена спомен плоча на загинатите бранители кај „Карпалак“, случајот пријавен во МВР
-
Приведени три лица во Скопско поради предизвикување пожар
-
Кабинетот на Османи реагира на соопштението на АЦВ
-
Кривична пријава за прилепчанка, со туѓа картичка од банкомати подигнала 200 илјади денари
-
Скопјанец повреден од заталкано зрно од огнено оружје
-
АХВ: Одгледувачите на овци и кози да ги засилат мерките за заштита од чума кај мали преживари
-
Ангелов на средба со унгарските пожарникари за мерките за заштита од пожарот на населбите покрај езерото Козјак
-
Јаневска: Бирото за развој на образованието не ги одобри учебниците за странски јазици заради нивниот неквалитет