Честитка од Иванов по повод Денот на наставата на турски јазик
По повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик - 21 декември, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Македонија.
- Еден од основните предуслови за зачувување и негување на својата традиција е можноста за образување и творење на мајчин јазик. Во Република Македонија живеат различни народи кои имаат свои јазични и културни обележја. Македонија е земја која знае да ги цени и вреднува истите. Одбележувањето на овој празник е симбол на почитта на Македонија кон турскиот народ, култура и идентитет. Живеејќи заедно, почитувајќи ги овие културни различности, сите ние придонесуваме за зајакнување на општеството и градење на подобар живот за сите, истакнува Иванов во честитката.
Ова е влог, вели тој, и во односите со Република Турција, која е долгогодишен пријател и стратешки партнер со Република Македонија, за што говорат големиот број на средби и реализирани проекти.
Ново на Сител
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот