Честитка од Иванов по повод изборот на Вучиќ за претседател на Србија
Шефот на македонската држава Ѓорге Иванов упати честитка до Александар Вучиќ, по повод неговиот избор за претседател на Република Србија.
- Ми претставува особена чест и големо задоволство, во името на граѓаните на Република Македонија и во мое лично име, да Ви упатам искрени честитки по повод Вашиот избор за претседател на Република Србија, како и да Ви посакам многу успех во извршувањето на оваа одговорна функција, стои во честитката.
Дозволете ми, вели Иванов во честитката, да го изразам моето задоволство од континуираниот развој на билатералните односи и уверувањето дека во време на вашиот мандат како претседател на Република Србија, заеднички ќе придонесеме за уште поуспешна и поплодна соработка на сите полиња од заеднички интерес.
- Градењето добрососедски односи, регионалната стабилност и соработката, интегрирањето во Европската унија се областите кои претставуваат приоритет за Република Македонија. Верувам во заемната подготвеност за блиска соработка со Вас на овој план, за доброто на двете држави и народи. Традиционалното пријателство, историските и особено меѓучовечките врски се огромен потенцијал што треба со заеднички напори да го ставиме во функција на зајакнување на меѓусебната доверба и интензивирање на севкупната соработка, истакнува Иванов во честитката.
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени