Честитка од Иванов по повод Меѓународниот ден на Ромите
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод одбележувањето на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.
- Република Македонија, години наназад, активно работи на подобрување на севкупната положба на Ромите во сите сфери на општественото живеење. Но, подобрувањето на поширокиот економски и социјален статус на Ромите е незамислив надвор од образовниот контекст, стои во честитката.
Секојдневните искуства и истражувања, наведува Иванов, покажуваат дека токму образованието претставува основен предуслов за решавање на проблемите од современото живеење.
- Низ ангажман на надлежните институции и потенцирање на неопходноста од едукација на лицата кои живеат во недоволно развиените подрачја ќе се подобрат условите за живот. Затоа повикувам да се погрижиме и на секому да му дадеме можност да биде дел од овој процес. Реалното интегрирање во општеството на припадниците на одредени етнички заедници придонесува за решавање на постоечките предизвици, се вели во честитката.
Иванов во честитката посочува дека и понатаму ќе се вклучува во сите предизвици за заедничко и посветено надминување на предрасудите.
- Подобрувањето на севкупната положба на Ромите значи и ангажман за промовирање на недискриминацијата преку почитување на традиционалните вредности и длабокото разбирање на културните особености со цел меѓусебно разбирање, истакнува Иванов во честитката.
Ново на Сител
-
Проширена истрагата и за родителите на Васил – судиите од Кривичен застанаа зад својата колешка
-
Поништен солидарниот данок
-
Од денеска повторно во функција железничката линија Куманово-Скопје, ќе се патува за 41 минута
-
Што (не) треба да содржи новата потрошувачка кошница?
-
Прв состанок на Управниот одбор на Националната развојна стратегија во проширен состав
-
Промоција на нови судии и јавни обвинители, IX генерација чека одлука
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина