Честитка од претседателот Иванов по повод „Св. Кирил и Методиј“
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка по повод 24 Мај, Денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј.
- Како основоположници на словенската писменост и литература, светите браќа Кирил и Методиј се залагале за развој на христијанската мисла. За важноста и за суштината на просветителската мисија на двајцата браќа, кои внеле нов импулс во верата и во културата на сите словенски народи, говори и фактот што денеска тие се патрони на Европа, наведува Иванов.
Темел на културолошкиот процес, додава, било создавањето на словенската азбука - глаголица. - Но, нивната мисија и нивното сфаќање за развојот и за ширењето на словенската цивилизациска свест се најдобро изразени преку просветителскиот континуитет на Кирилометодиевите ученици, големите дејци свети Климент и свети Наум, стои во честитката.
Претседателот укажува на важноста од празнувањето на, како што наведува, историско-културолошкото и епохално значење на светите браќа, како во однос на светската историја, така и во однос на словенството.
Ново на Сител
-
Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за загадениот воздух
-
Мехмедовиќ: ХМПВ не е нов вирус и нема потреба за загриженост
-
Груби доби отказ од тетовскиот државен универзитет
-
Интерпелациите во петок на седница, Мицкоски вели нема да успеат
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство
-
Преглед на вестите од светот