Честитка од Вељаноски по повод Божик
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски по повод претстојниот празник Раѓањето Христово-Божик упати честитки до сите верници од католичка вероисповед.
- Христовото раѓање е величествениот ден кога целото човештво го здогледа големиот сјај и го означи зачетокот на славењето на љубовта кон Бога. Овој голем христијански празник нека ни внесе мир и спокојство во нашите срца и добрината секогаш да биде во нас. Светлината на Христовото раѓање да ни биде водилка низ животот за да сме луѓе кои градат вистински христијански вредности, меѓусебно почитување и солидарност, вели Вељаноски во честитката.
Со прославувањето на празникот, се додава во честитката, да ја возобновиме потребата да помогнеме на сите оние кои страдаат и имаат потреба од љубов и со тоа да ја поттикнеме надежта и вербата во Бог.
- Да продолжиме да бидеме истрајни во нашите заеднички цели и да придонесеме во нашиот заеднички напредок и благодет. Потребно е да е да сме обединети и да работиме за просперитетна иднина на Република Македонија, вели претседателот на македонското Собрание во честитката по повод Раѓањето Христово-Божик.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце
-
Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија
-
Транспортерите од Западен Балкан чекаат по 10 часа на граница за влез во Унијата