-->
-->
Четири лица, од кои две малолетни се лишени од слобода во Тетовско по пронајдена дрога и пиштол
-->
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово, вчера, во 17.30 часот, ги лишиле од слобода Н.С. (23) од с.Требош, Е.К. (21) од с.Палатица и две малолетни лица, соопшти МВР.
-Имено, по претходно добиени оперативни информации и преземени соодветни мерки и активности, лицата се лишени од слобода во с. Палатица, на место викано „Рон Скура“ во импровизирана колиба, каде препакувале марихуана за натамошна продажба. При тоа се пронајдени марихуана, пиштол и куршуми. При приведувањето, Е.К. нападнал полициски службеник, наведуваат од МВР.
Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нови владини одлуки
-
Тема на денот со Бојан Кордалов
-
За една недела 4 починати од Ковид – Вакцини се уште нема
-
Пратениците го одобрија унгарскиот заем од половина милијарда евра
-
Наим Рамука сменет од началничкото место поради пропуштањето на возилата на Гаши на „Блаце“
-
„Балансерот" за вработување пред Уставен суд
-
Бугарското МНР во одбрана на амбасадорот Радуков
-
Откажана утрешната средба на историската комисија со Бугарија