Четири лица од Скопје, Кавадарци и Тетово пријавени за исчезнати
Четири лица, од кои две од Скопје и по едно од Кавадарци и од Тетово вчера во полиција биле пријавени за исчезнати од нивни блиски.
Во 08.30 часот во ПС Гази Баба, Б.П. (73) од с.Црешево, скопско, пријавил дека на четврти овој месец, во 12 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот син С.П. (35).
Во ПС Тетово, С.Р. (74) од Тетово во 09.50 часот пријавил дека на 03.08.2017 година околу 10 часот од дома излегла неговата сопруга М.Р. (50) и се упатила на пазарот во Тетово и не се вратила дома. Таа не била достапна и на мобилниот телефон.
К.Н. (38) од с.Сопот вчера во 11 часот во ПС Кавадарци пријавил дека на 08.08.2017 година од 11 часот од дома во непознат правец се одалечил неговиот брат С.Н.(36) од с.Сопот. Тој со автобус заминал во Кавадарци и не се вратил дома.
Во 21.30 часот во ПС Чаир, З.Р. (54) од Скопје пријавил дека на 08.08.2017 година околу 11 часот од дома во непознат правец се одалечила неговата ќерка Р.А. (28).
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?