Четири лица тешко повредени во Скопје
Двајца пешаци, сопатник во патничко моторно возило и возач на мопед биле тешко повредени во четири од вкупно 28 сообраќајки случени во текот на изминатиот викенд. Во 12 сообраќајки биле полесно повредени 18 лица, а во 12 била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Сто осумдесет и еден возач се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица поминале на крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден возач e санкциониран за неправилно престројување, а 22 возачи за не користење заштитен шлем. Санкционирани биле и осум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и тројца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.
Од сообраќај биле исклучени двајца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 29 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, четворица возачи почетници, како и четири технички неисправни возила и 23 нерегистрирани возила. Затекнати биле 150 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 117 возила.
Одделението за превенција при СВР Скопје денеска во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ ќе реализира едукативна работилница со децата од средна и голема група во детската градинка „Весели цветови“’, објект „„Мимоза“ во општина Кисела Вода
Ново на Сител
-
Приведен кумановец, следел и вознемирувал 27-годишна девојка
-
Спасувањето на мечката во Брајчино - драма во планина, храброст на дел
-
Кумановец возел со 1,85 промили алкохол во крвта и удрил во две моторни возила
-
Папата Франциск приватно се сретна со кралот Чарлс Tрети и кралицата Камила
-
Изгоре автомобил наспроти Клинички
-
Леброн за суспензијата на Дончиќ: Не знам зошто судијата го сфати тоа толку лично
-
Винисиус го прекина молкот по фијаското во Лондон
-
Немања Матиќ: Онана е еден од најслабите голмани во историјата на Манчестер Јунајтед