Цивили масовно го напуштаат источниот дел на Алепо
Сиријци масовно со автобуси го напуштаат источниот дел на Алепо, каде се водат жестоки борби, и се упатуваат кон реони во градот, кои се под контрола на владините сили, изјави портпарол на ОН во Женева.
- ОН се длабоко загрижени за состојбата, безбедноста и заштитата на цивилите во Алепо, посебно на оние кои се блокирани во источниот дел од градот кој е под опсада, бидејќи таму судирите се најжестоки и се зајакнати во последните 24 часа, истакна портпаролот на светската организација.
Само во последните 24 часа околу 800 лица пристигнале во една напуштена фабрика за памук во западниот кварт Џибрин, а други 1.260 цивили пристигнале во квартот Ханано, кој неодамна беше заземен од силите на сирискиот режим. Тие се засолнуваат кај свои роднини или заминуваат на безбедни места надвор од Алепо.
Вкупно 31.500 луѓе успеале да побегнат од источниот дел на Алепо во последните седум денови.
Ново на Сител
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар