Црногорците во Косово очекуваат ратификација на демаркацијата
Претседателот на здружението на Црногорците во Косово, Слободан Вујичиќ, очекува пратениците на косовскиот парламент да го ратификуваат Договорот за демаркација на границата со Црна Гора.
Тој вели дека Комисијата од косовски експерти за мерење на територијата утврдила дека Косово не губи територија и оти секое одложување на ратификацијата е недговорно, а граѓаните остануваат изолирани.
Ова исто така е најдобриот тест за хармонизација на коалициските партнери, која има мнозинство од пратениците во Параментот, така што ратификацијата не зависи од гласовите на опозициските партии, посочува Вујичиќ.
Извештајот на комисијата го поздрави Владата и најави дека набрзо договорот за демаркација на границата со Црна Гора ќе биде ставен на дневен ред на Парламентот.
Ратификацијата на договорот сепак зависи од гласовите на пратениците од „Листа српска“ со кои владејачкото мнозинство има двотретиско мнозинство, но тие ги бојкотираат косовските институции на сите нивоа откако без нивна согласност парламентот го донесе законот за „Трепча“. Враќањето го условуваат со формирањето на Заедницата на српски општини.
Инаку, ратификацијата на договорот за границата со Црна Гора е услов за добивање визна либерализација за Косово.
Ново на Сител
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче