Црвен крст Кочани: Со чистење на влезови на згради, до помош на загрозени семејства
Општинската организација на Црвениот крст во Кочани и годинава е вклучена во имплеметирање на програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“.
Избрани младинци од четирите основни и двете средни училишта на територијата на општина Кочани поминуваат три обуки на кои добиваат десеминациска сесија за Црвениот крст, како и насоки за изработување на мали проекти и нивно документирање. Потоа се вклучуваат во следната фаза, а тоа е истражување во самите заедници каде што пронаоѓаат целни семејства кои што се социјално ранливи и ги истражуваат нивните потреби и помагаат за нивно остварување.
Во моментов на терен работат седум такви групи кои си имаат свои целни семејства. Мометално се насочени на собирање финансиски средства, па затоа спроведуваат една интересна и несекојдневна активност.
- Една таква активност е чистење на холовите и влезовите во зградите при што граѓаните донираат финансиски средства на младинците и сите тие финансиски средства ќе бидат наменети за помош на целно семејство, односно ќе се реновира нивниот кров. Станарите се позитивно изненадени од активноста на младиците затоа што неочекувано е младинци од 14 и 15 години да чистат влезови на згради, така што станарите ги поддржуваат и донираат, истакна Анета Коцева, секретар на ОО Црвен Крст Кочани.
Во план се спроведување и на други вакви креативни активности од страна на младинците на Црвен крст со што промовираат младински активизам и претставуваат позитивен пример за другите младинци за хуманост, солидарност, емпатија и човечност во заедницата.
Ново на Сител
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка
-
Филков чека одговор од СДСМ за реформските закони