Дебата „Сподели возило“ на „Скопски автобуски хакатон“
Мотивирање на јавноста повеќе да користи јавен превоз, е целта на дебатата што ќе се одржи денеска во рамки на манифестацијата „Скопски автобуски хакатон“.
Дебатата „Сподели возило“ е дел од истражувачкиот и иновациски проект SocialCar, чиј партнер е Град Скопје.
- SocialCar и јавниот транспорт се ефективни и имаат поголемо влијание кога голем број патници ги користат. Затоа, цел на оваа дебата е да добиеме софтверско решение кое влијае на промена на менталитетот и однесувањето на луѓето во поглед на оставање на своето возило дома и користење јавен транспорт, организиран превоз на повеќе патници со едно возило или комбинирање јавен транспорт и организирано споделување возило, информира Град Скопје.
Целта на дебатата, додава, воедно е да се изработи иновативно софтверско решение (алатка) кое ќе одговори на прашањето: Што може да го поттикне граѓанинот да го остави сопственото возило дома и да избере јавен транспорт или да дели возило со друг патник.
- Град Скопје работи на вклучување на мерката за споделување возила (carpooling) во постоечките системи за јавен превоз со помош на софтвери за планирање и интеграција на базите на податоци од јавниот превоз, споделувањето возила (carpooling) и активирањето на граѓаните преку друштвените мрежи (crowdsourcing), стои во соопштението.
„Скопски автобуски хакатон“ е организиран во партнерство со Фондот за иновации и технолошки развој, Градот Скопје, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Факултетот за информатички науки и копјутерско инженерство од Скопје (ФИНКИ), Техничкиот факултет во Битола, Технолошки Парк (SEEUTechPark), Факултетот за информатика од Штип и Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола.
Во рамки на „Скопски автобуски хакатон“ ЈСП распиша јавен повик до сите заинтересирани за изработка на иновативно софтверско решение во насока на зголемување на задоволството од користење на јавниот градски транспорт во Скопје, преку оптимизација на бројот на патници во автобусите на линиите 2, 5, 19, 22 и 57.
Хакатонот ќе трае 24 часа. Почнува денеска, а победниците ќе бидат соопштени утре.
Ново на Сител
-
Тензична собраниска седница за надзор на работата врз АНБ
-
Мицкоски: ДУИ е фактор на дестабилизација, за тоа е загрижена и меѓународната заедница
-
Суспендираниот Хајрулахи се жали на притисоци од државниот јавен обвинител
-
Регионална конференција за е-трговија
-
Левица бара Собранието да расправа за депонијата во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Алтернативи за прочистување на воздухот: Подготвена ли е Македонија да ги следи светските трендови?
-
Тема на денот со Имер Селмани