Дечињата од кикбокс клубот Fight Gym M4 со 9 медали на „PHX CUP Germany 2025“
Дечињата и младите натпреварувачи од македонскиот кикбокс клуб Fight Gym M4 постигнаа исклучителен успех на меѓународниот турнир „PHX CUP Germany 2025“, одржан на 29 ноември. Иако клубот настапил со само шест учесници, се враќа во Македонија со вкупно девет медали – шест златни, едно сребро и две бронзи. Ова е прво официјално учество на клубот на ваков турнир, а целта била да се освои барем еден медал – резултатот ги надмина сите очекувања.
Освојувачи од Fight Gym M4:
Ернес Реџиќ – злато во +90 kg K-1 (+18 години)
Али Омер Евчилер – две злата во -65 kg Light Contact и -65 kg Kick Light (15–17 години)
Максим Николовски – две злата во -65 kg Light Contact и +65 kg Kick Light (13–14 години)
Виктор Настовски – бронза во -140 cm Kick Light (8–12 години)
Ата Ѓерлек Шабани – бронза во -150 cm Kick Light (8–12 години)
Видар Враживирски – сребро во -130 cm Point Fighting и злато во -130 cm Light Contact (8–12 години)




Од Fight Gym M4 велат дека се огромно задоволни од резултатите, меѓународното искуство и спортската атмосфера на турнирот. Тие нагласуваат дека сите учесници покажале голема храброст, дисциплина и посветеност, што уште еднаш докажува дека трудот секогаш се исплатува.
Клубот најавува нови натпревари и уште посилни настапи во периодот што следува.
Ново на Сител
-

Садула Изаири од тетовскиот суд освои најмногу гласови за член на Судски совет
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Финансиска полиција со кривична против претседателот на Регулаторна, Бислимовски тврди дека постапките биле законски
-

ИЈЗ: Се намалува бројот на болни од грип, но ширењето на вирусот се уште е со среден интензитет
-

Камионџиите ја прекинуваат блокадата на границите, иако ЕУ не понуди брзо решение
-

Кривична за Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-

Европската унија допрва ќе го решава проблемот на камионџиите
-

СДСМ со закон ќе бара 600 евра минимална плата
