Дејан Митровски: Среќен сум и екстремно задоволен од нашите кикбоксери! Доаѓа нова ера на победи на меѓународно поле во македонскиот кикбокс!

Македонската кикбокс репрезентација освои три медали на Светското првенство за сениори во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати, еден сребрен и два бронзени. Сребрениот медал го освои Стефан Михајловски, а бронзените Бобан Илиоски и Силвио Мировски.

„Како претседател, иако ни избегаа златаните медали, а бевме толку блиску до нив, среќен сум и екстремно задоволен од сите наши учесници. Сакам да истакнам дека допрва доаѓа нова ера на победи на меѓународно поле во македонскиот кикбокс, бидејќи повеќето наши учесници за првпат учествуваат на вакво првенство од највисок ранг, како сениори, а до лани беа јуниори. Одлично се покажаа и се носеа со многу, многу постарите и поискусните борци од останатите земји. Ова е огромен успех за нив, толку млади а толку високо да котираат спрема постари и поискусни борци. Порано нашите борци да стигнат до овој степен требаше години да настапуваат како сениори и да го стекнат искуството за да постигнат резултат, за разлика од овие млади генерации, кои на самиот почеток се жив оган и голема надеж за македонскиот кикбокс“, вели селекторот Дејан Митровски-Урко и додава:

„Исклучително сакам да ги поздравам и им се заблагодарам на сите оние кои ни помогнаа на секаков начин да присуствуваме на ова Светско првенство и го да го постигнеме овој резултат“.


Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
