Македонија
25. February 2018 - 8:22

Дел од општина Аеродром утре без струја

 Дел од корисниците лоцирани на улицата „Горноврановска“ во општина Аеродром, утре од 8:30 до 15 часот ќе останат без електрична енергија. 

Во вторник без струја од 8:30 до 15 часот ќе бидат корисниците од улицата „Боте Боцевски“ во општина Кисела Вода, а од 10 до 12:30 часот дел од корисниците од улицата „Македонско-косовска бригада“, подулица бр. 10 во општина Шуто Оризари. 

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во дистрибутивната електромрежа.