Македонија
25. January 2016 - 17:48

Делегација на полицијата на Словенија во посета на МВР

Директорот на полицијата на Република Словенија, Марјан Фанк заедно со помошник директорот на униформираната полиција на Словенија, Марко Гашперлин денеска го посетија Министерството за внатрешни работи каде беа примени од директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Горанчо Савовски.

Како што соопшти денеска МВР, гостите од Словенија кои престојуваат во дводневна работна посета на македонската полиција, заедно со директорот на БЈБ Савовски утре ќе го посетат словенечкиот контингент на полициски службеници во Прифатниот центар за бегалци - „Винојуг“ во Гевгелија.