Македонија
26. April 2016 - 15:37

Делови од Чаир и Центар утре без вода

Од 9 часот утре без вода ќе останат Американската амбасада и корисниците од улиците „Џон Кенеди“, „376“, „Самоилова“, „Јоаким Крчовски“ и „Банатска“.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок на улицата „Џон Кенеди“ – крстосница со улицата „Серава“. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на приклучокот.