Македонија
21. јуни 2020 - 8:17

Денеска е Св. великомаченик Теодор Стратилат

Свети Теодор Стратилат пострада во 319 година. Во тоа време тој беше началник на војската и на градот Ираклија. Црквата го слави посебно на 8 февруари (по стар календар), а денес го празнува пренесувањето на неговите мошти од Ираклија во неговиот роден град Евхаита, што е направено според завештанието, што свети Теодор му го даде на својот слуга Вар, непосредно пред неговиот маченички крај.