Денеска протестираат судската и обвинителската администрација, Народниот правобранител и ФЗО
Денеска на голем протест пред Собранието излегуваат вработените од судската и обвинителската администрација, Фондот за здравство и Народниот правобанител.
Административците бараат поголеми плати. Револтот кај нив се појави откако пролетва за 78% се зголемија платите на функционерите по одлуката на Уставниот суд, а дополнително ескалираше кога премиерот Ковачевски најави дека нема да се намалуваат функционерските плати, бидејќи според законот, примањата на судиите, обвинителите и правниците не смеат да се корегираат надолу.
Вработените во Народниот правобранител пак, прв пат излегоа на протест во вторникот со барање за поголеми плати. Истакнаа дека имаат голем обем на работа, а нивните месечни примања во моментов заостануваат во однос на останатите независни регулаторни тела.
Денеска пред Министерството за здравство пак, ќе протестира и Независниот синдикат на здравствените работници со барање за поголеми плати.
Од МВР соопштуваат дека во периодот од 11 до 14 и 30 часот Единицата за безбедност при патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на град Скопје поради одржувањето на протестите. За таа цел, апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе се протестира.
Ново на Сител
-
Електродистрибуција: Секој корисник има право да побара корекција на фактура
-
Туск: Европа може да победи во секоја конфронтација со Русија
-
Наутро постудено, преку ден топло со температури до 23 степени
-
Пожар во стан во Центар
-
Лавров: Нуклеарната реторика на Макрон е закана за Русија
-
Андоновска: Скопје, Битола и Куманово со најголем број на заболени од грип
-
Кошта: Слушнавме бура на идеи за безбедноста на Европа, но денеска сме тука да носиме одлуки
-
Македонскиот БДП со раст од 2,8 проценти во 2024 година, странските директни инвестиции достигнаа милијарда и 255 милиони евра