Денови на Израел во Битола
Со музичко-балетскиот перформанс на младинскиот театар „Кармелим“ од Хаифа, денеска почна дводневната манифестација Денови на Израел во Битола. Ја организираат амбасадата на Израел во Република Македонија и Здружението „Архам“ од Битола.
Како што рече израелскиот амбасадор Дан Оријан на прес- конференција, Деновите на израелската култура во Македонија беа презентирани во Скопје, Охрид, Берово, Ресен и Штип, а завршуваат со богата дводневна програма во Битола.
- Битолчани ќе имаат ретка прилика да видат една извонредна група од младинскиот театар „Кармелим“ од Хаифа која ќе настапи во домот за стари лица „Сју Рајдер“ и на плоштадот „Магнолија“ со флешмоб перформанс каде учествувам јас и младите од битолскиот Црвен Крст, рече амбасадорот Оријан на средбата со новинарите во Битола, истакна Оријан.
Според програмата, вечер во 19 часот ќе биде емитуван документарниот филм „Мојот клас“, а утревечер ќе биде изведена театарската претстава „Еден вкус од Израел“.
- Нашата соработка со институциите од Битола продолжува со цврстите врски кои ги негуваме со НУ Народен театар и НУ Центар за култура, но денеска имав состанок со ректорот на УКЛО со кого договоривме соработка поврзана со малите компании и старт-ап центри од двете држави, нагласи амбасадорот Оријан.
За време на дводневниот престој во Битола, гостите од Израел ќе изведат работна акција на Еврејските гробишта каде веќе се откриени околу 1.000 надгробни плочи.
- Во Битола ќе се одржат серија ретки културни настани, мјузикл, театарска претстава посветена на младоста и песната, документарен филм и хуманитарен настан во кои очекуваме голема посетеност и вклученост, рече Мима Герас Дочовска, економски оператор за амбасадата на Израел во Македонија и претседател на здружението „Архам“ - Битола.
Ново на Сител
-
Пластични хирурзи апелираат за мелемите за изгореници кои се нудат на социјалните мрежи – не знаеме дали се стерилни!
-
Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик Ток доби кривична пријава
-
Освен физичко обезбедување на Центрите, УПОЗ бара и обезбедување на социјалните работници на терен
-
5 години дел од НАТО – членството на Македонија донесе стабилност и оптимизам во регионот
-
Политичарите најчесто шират содржини со штетни наративи
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО