Десет нови случаи на голема кашлица, хоспитализирани три лица

- Во периодот од 18 до 24 октомври, пријавени се 10 нови случаи на голема кашлица, за 42,9 проценти повеќе во споредба со претходниот седмодневен период. Од новите случаи, три лица се хоспитализирани, информираат попладнево од Институтот за јавно здравје.
Најголем дел од случаите биле пријавени во Куманово - пет, потоа четири случаи од Скопје и еден случај од Крива Паланка.
Возраста на заболените се движи од два месеца до 70 години. Најголем дел од случаите припаѓаат на возрасната група до четири години.
Кога станува збор за вакциналниот статус на заболените, седуммина биле невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус, две лица вакцинирани согласно возраста и еден случај комплетно вакциниран.
- Заклучно со 24 октомври, во Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 1.148 случаи на голема кашлица, со инциденца од 62,5/100.000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период - 2019 - 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи, појаснуваат од Институтот.
Дистрибуцијата по пол покажува дека 523 лица се од машки, а 625 од женски пол.
Од вкупниот број на заболени лица, кај 1.139 лица биле регистрирани симптоми, додека болеста кај деветмина била во асимптоматска форма.
Од вкупниот број на регистрирани случаи, 726 не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани, просек на поминато време од последната доза на вакцина до заболување изнесува 11 години.
Дадени се вкупно 78.096 дози вакцина со компонента против голема кашлица од 18 јануари до 24 октомври.
Ново на Сител
-

Казни од 500 до 1.500 евра за младите во Хрватска доколку не се јават на преглед за воен рок
-

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: Пpечекот на Ива Михајлова во Софија е провокација и ги подрива напорите за добрососедство
-

Вонредна ситуација на аеродромот во Нирнберг: Целосно запрен авиосообраќајот, ангажирани и борбени авиони
-

Клековски: Вакцинацијата против сезонски грип треба да почне од 16 до 25 октомври
-

Тошковски и Руф ја потврдија заложбата за продлабочување на македонско-австриската полициска соработка
-

Обвинителството бара притвор за Ива Михаилова
-

Бензините и дизелот остануваат со исти цени, поскапува само мазутот
-

ДЗС: Чекор напред - со меѓународната соработка кон посилни институции и побезбедна иднина и при заштита и спасување при катастрофи
