-->
-->
Детали за сообраќајката на патот Куманово - Свети Николе, повредено дете и двајца возрасни
-->
Три лица, од кои едното шестгодишно дете, се здобиле со повреди во сообраќајната несреќа којашто се случила денеска во 14:30 часот, кај надвозникот „Сателит“ во Куманово помеѓу два патнички возила. Сите тројца се надвор од животна опасност, информира дежурниот хирург од кумановската болница Драган Тасевски.
- Едното лице е со рана во предел на главата, сошиена е, а има повреда и на граден кош и е задржан за понатамошно лекување во болницата. Задржано е и дете со повреда на граден кош и на левото рамо и тоа е задржано за лекување. Третата личност има повреди, контузија на граден кош, а по примената терапија, е пуштен е на домашно лекување, изјави Тасевски.
СВР Куманово по извршениот увид информира дека несреќата се случила кога патничко моторно возило „рено“ со кумановски регистарски таблички кое го управувал 50 годишниот С.Т од Куманово движејќи се од регионалниот кон магистралниот пат, претекнувајќи возило, изгубил контрола и удрил со предниот дел во „шкода“ со беровски регистраски таблички кое пак го управувал 37 годишниот Љ.Б.,кој се движел во спротивна насока.
Сообраќајот на патниот правец Куманово – Свети Николе беше во прекин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати