Деветнаесет лица загинаа во одрон на земја во Кина
Деветнаесет лица вчера загинаа во свлечиште во провинцијата Сечуан, во југозападна Кина, објавија кинеските државни медиуми.
Изворите наведуваат дека до одронот на земјиштето дошло на врвот на планината, кај една шумска фарма, во близина на градот Лешана.
Во 20 часот (14 часот по средноевропско време), пронајдена е 19-та жртва и потрагата по исчезнатите е прекината, јави кинеската државна телевизија CCTV.
Повеќе од 180 лица се испратени на местото на несреќата за да трагаат по преживеани, соопштија локалните власти.
Местото на несреќата е во планинска област, на околу 240 километри јужно од Ченгду, административниот центар на покраината. Околу 40.
40.000 лица живеат во оваа рурална провиниција, главно од шумарство и земјоделство. Одроните се честа опасност во кинеските планински и рурални области, особено за време на сезоната на дождови.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот