Македонија
15. August 2018 - 14:40

ДИК примила 862 пријави за гласање од иселениците, најмногу од Берн

До Државната изборна комисија (ДИК) до денеска до 13:00 часот се доставени вкупно 862 пријави од македонски државјани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва во странство.

Од нив, 836 пријави се прифатени, 19 се одбиени, а останатите се во обработка. Најголем број пријави се доставени за гласање во Берн - 72, во Лондон - 69, во Торонто - 57, Љубљана - 48 и Канбера - 36.

Податоците се до денеска до 13:00 часот, а пријавите се поднесуваат преку веб-апликацијата www.dijaspora.sec.mk

Јавен увид во во Избирачкиот список во подрачните канцеларии на ДИК до вчера направиле 1.967 граѓани. Од нив, најголем број граѓани увид извршиле во Битола - 295, Струмица - 148, во Радовиш - 128 и во Прилеп - 104. 

Ново на Сител