Доделување сертификати на сопственици на микро и мали бизниси
Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, ќе додели сертификати на 117 сопственици на микро и мали бизниси кои успешно ги завршија претприемачките програми на Проектот.
Пред присутните ќе се обратат Џејмс Стајн, директор на мисијата на УСАИД во Македонија, Катарина Штокер, заменик-шеф на мисија, Амбасада на Швајцарија и Јован Маџовски, директор на Проектот.
Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кој почна со работа во јули 2011 година, ги поддржува микро и малите бизниси преку тренинг, вмрежување, менторство, консалтинг, поддршка на извозот и пристап до инвестициски фонд. Активностите на Проектот се имплементирани преку ЦЕЕД Македонија, кој е една од институциите во наследство на УСАИД.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Анкетите се јасен приказ за тоа што мислат граѓаните за СДСМ
-
Јапонските сили за самоодбрана ја одржаа својата годишна вежба во областа Фуџи
-
Рускиот амбасадор во Лондон предупреди дека војната во Украина може да ескалира доколку Велика Британија продолжи да испорачува оружје на Киев
-
Експлозија во близина на трговски центар во Риека, уапсени двајца осомничени
-
Вучевиќ: Вучиќ ќе биде лидер на новото движење во Србија, нема причина за страв
-
Мило: Курти си игра со оган
-
Разбиена нарко-група во Германија и Белгија, уапсени 17 Албанци
-
На територијата на СВР Битола санкционирани девет возачи под дејство на алкохол