Дополнетиот предлог буџет на пленарна седница во Собранието

Дополнетиот предлог буџет за 2018 година денеска е на дневен ред пред пратениците на пленарна седница. Дополнетиот предлог буџет за 2018 година беше на дневен ред закажан минатата недела но поради објективни причини седницата беше презакажана за денеска. На седницата како што најави опозицијата нема да учествува.
Во Дополнетиот предлог буџет се вградените шест амандмани прифатени во расправата во прво читање во собраниските комисии и со амандмани од страна на Владата со кои се направени зголемувања на финансиските средства за гасификација во висина од 120 милиони денари, кај блок дотациите за градинки, основни и средни училишта и културни установи за 200 милиони денари, кај Фондот за здравство за 100 милиони денари и кај Инспекторатот за животна средина за 10 милиони денари.
Вкупните приходи во Буџетот за 2018 година се проектирани на 193,5 милијарди денари, а расходите на 211,7 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран на 18,2 милијарди денари или 2,7 проценти од БДП, односно бележи намалување во однос на минатата година за 0,2 процентни поени. Стапката на инфлација се очекува да биде на ниво од 1,7 отсто. Во 2018 година не се планираат поголеми даночни промени. Планирано е зголемување на акцизата на нафтата за три денари.
Министерот за финансии Драган Тевдовски смета дека треба да има конструктивна дебата и оти би требало во неа да учествува и опозицијата.
- Би сакал да има конструктивна дебата бидејќи буџетот е најсериозниот акт што се донесува во една година. Мислам дека за да имаме подобро функционирање на државата би требало и опозицијата за учествува и да дава критики и коментари за документот, изјави вчера министерот Тевдовски.
Ново на Сител
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
-

Со месеци чекање за дијагноза, со саати за преглед - секоја година истите маки на онколошките пациенти
-

Нема простор за паника, но има потреба од внимателност по одложувањето на вакцинацијата со БСЖ
-

Преглед на вестите од светот
