Досега 835 барања за бесплатен одмор на работници со ниски примања
Подготовките за туристичката сезона и интересот на граѓаните за владината мерка за поддршка на локалниот туризам со бесплатен одмор за работници со ниски примања, беа тема на денешната средба во Струга на министерот за економија Крешник Бектеши со претставници на Здружението на хотели, ресторани, кафулиња и автокампови (ХОТАМ).
- Досега се поднесени 835 барања за користење на мерката за која годинава Министерството за економија обезбеди 30 милиони денари и е наменета за 2.000 семејства чии месечни примања не надминуваат 22 илјади денари нето плата, информира Бектеши.
Тој потенцираше дека по минатогодишниот пилот проект за поддршка на внатрешниот туризам кој даде видливи резултати, Министерството за економија продолжува со истата мерка и оваа година, во соработка со приватниот сектор.
За користење на мерката работниците со ниски примања можат да аплицираат до крајот на месецов, врз основа на принципот „Прв дојден-прв услужен".
Бектеши пред хотелиерите рече дека Министерството за економија и Владата се посветени на туризмот како кон прироритетен економски сектор и веќе се преземени низа активности со што Македонија станува сè повидлива дестинација на туристичката мапа.
- Доказ дека овие активности се во вистинска насока, се статистиките според кои во последниве години бројот на странски туристи е зголемен со над 100 проценти. Ако овој тренд на раст продолжи, оч екувањата се дека до 2020 година, бројот на туристи ќе изнесува повеќе од милион, а над три милиони ќе бидат бројот на ноќевањата. Бројот на патници на аеродромите во Скопје и Охрид се зголемува благодарение на чартер-летовите и 33 директни линии до најважните европски дестинации, рече Бектеши.
Претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажевски вели дека се задоволни од стимулативните мерки на Министерството за економија, бидејќи според него, организираните одмори за работниците со ниски примања, е од голема помош за хотелите, бидејќи тие работат со полн капацитет и вон сезона, во пролет и во есен, период кога овие работници можат да ги користат. Веднаш штом заврши сезоната, работата паѓа, додека оваа мерка ги оживува хотелите, рече Блажевски.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари - февруари 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 13 проценти и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6,3 проценти, а кај странските има зголемување за 17,4 проценти.
Во периодот јануари - февруари година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 17,2 проценти, при што кај домашните туристи има зголемување за 17 проценти, а кај странските зголемувањето е за 17,4 проценти.
Ново на Сител
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
