Достапни 25 милиони евра за општините за инфраструктурни проекти
Нови 25 милиони евра им се достапни на општините во Македонија за инфраструктурни работи преку кредитната линија обезбедена преку Светска банка со симболична камата, грејс-период од три години и 10 години рок на враќање, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Повикот, како што кажа, веќе е распишан и ќе трае до 7 ноември, а сите заинтересирани општини треба да се пријават со готови проекти и да ја искористат можноста што им се нуди.
- Со средствата што им се нудат секоја општина може да финансира инфраструктурни проекти главно патишта, водоводи, канализациски мрежи, училишта, градинки и слично во делот на инфраструктурата. Оние кои ќе аплицираат на повикот и ќе понудат добри проекти ќе можат да обезбедат дел од новите 25 милиони евра за инфраструктурни потреби, рече Груевски во одговор на новинарско прашање по промоцијата на новите 10 наслови од едицијата за превод на илјада стручни и научни книги и упати апел до градоначалниците да ја искористат можноста што им се нуди.
Прецизира дека во минатото во неколку наврати на општините им беа нудени вакви можности и нагласи дека досега се искористени 56 милиони евра и се исфинансираа 70 проекти.
- Сега им се нуди можност за користење на нови 25 милиони евра со кои ќе можат да исфинансираат проекти кои се значајни за граѓаните во општините, рече Груевски.
Ново на Сител
-
Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Тема на денот со Бесар Дурмиши, министер за економија и труд
-
Владата иницира разрешување на Коцевски
-
10% маржа на 100 групи производи до крајот на април, мерката ќе биде донесена деновиве
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси