Дождот кој го зафати Пијанечко – малешевскиот регион добредојден за посевите
Дождот што вчера и денеска ги зафати Пијанечко – малешевските општини е добредојден за земјоделските култури. Водата ќе влијае врз развојот на житните култури, пченицата, јачменот, пченката и градинарските култури. Моменталната влага, според агрономите, е најпогодна за јачменот кој е во период на класење, а дождот како што додаваат, ќе придонесе родот да биде поголем.
-Дождот секако е поволен и врз пченицата која наскоро ќе почне да класи. Ќе овозможи и прихрана на житните и земјоделските култури. Од друга страна поради големата амплитуда од дваесет и четири часовните температури можна е појава на болести, па затоа е пожелно да се изврши прскање со хербициди и други препарати, советуваат агрономите.
Доколку количините на дожд се задржат и понатаму, како што додаваат земјоделците, можат да очекуваат родна година. Сепак, предупредуваат на големата температурна разлика, кога температурите преку ден знаат да достигнат над 20 степен, наспроти ниските температури кои се движат од 4-7 степени наутро.
-Тоа е температурен стрес не само за растенијата туку и за луѓето. Како што тешко ги поднесува човекот, така и растенијата. Во тој случај единствено што прави дождот е поттикнување на вегетацијата, поради што земјоделците требало да го ништат плевелот со хемиски средства, додаваат агрономите.
Во таа насока треба да се води сметка за препаратите бидејки како што додаваат експертите несоодветните препарати можат да ги уништат овошните насади.
Ново на Сител
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени