Драма во Острог: Русин почина среде литургија

Рускиот државјанин Јуриј Николајевич Камнев од Москва (59) присуствувал на литургија со која служел митрополитот црногорско - приморски Амфилохие пред манастирот Острог, кога наеднаш паднал непроследно пред да му дојде редот за поклонение пре Свети Василиј Острошки.
Несреќниот човек починал, а владиката Амфилохие веднаш на местото одржал мал помен и кратка беседа.
-Бог душата да му ја прости и да му подари царство небесно. Прв случај некој вака да се упокои во ова светилиште. Тоа е некој Божји знак за Јуриј. Господ го прими овде, да му ги прости сите гревови, волни и неволни и да го упокои со Аврам, Исак и Јаков и Светиот Василиј Острошки, кој на чуден начин го повика на ова место за од овде да го крена во царството небесно, беседеше потресениот Амфилохие.
Тој како и сите други присутни верници и свештеници кои на Русинот се обидоа да му пружат помош, беа видно потресени од оваа несреќа, а на самото место дошла и полиција и Брза помош, но само констатирале смрт кај рускиот државјанин.
Јуриј Николаевич Камнев во острошкото светилиште дошол со група верници, а последните неколку години често доаѓал во Црна Гора.
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
