Македонија
9. April 2017 - 13:11

Дрска кражба: Млада штипјанка ограбена, ја удрил и ја соборил на земја

Физички е нападната и ограбена деветнаесетгодишна девојка од штипското село Таринци од непознато машко лице, додека синоќа во 20:30 часот се движела по ул. „Радански пат“.

Во Полициската станица во Штип девојката пријавила дека додека се движела  по улицата и разговарала на мобилен телефон, напаѓачот  одзади со рака ја удрил во пределот на главата, од што паднала на земја. Откако паднала насилникот и го одзел телефонот и златна обетка, по што побегнал, информира МВР во редовниот Билтен.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.