ДСЗИ нема регистрирано пренесување на коронавирусот внатре во градинките и училиштата
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) во последните два месеца, има направено повеќе од 1.000 вонредни инспекциски надзори во правните субјекти кои се во негова надлежност, меѓу кои и градинките и училиштата.
– До овој момент немаме регистрирано пренесување на инфекција на САРС-Ков-2 внатре во градинките и училиштата. Претежно тоа се импортирани инфекции од надвор, изјави директорката на ДСЗИ Ирина Сотирова Бухова.
Во однос на зголемената смртност кај нас, ДСЗИ постапува со вонредни инспекциски надзори, следејќи го патот на лекувањето на одредени пациенти, од матичниот лекар до институцијата каде настапила смртта.
-Од кои причини настапила смртта, ДСЗИ иницира вонреден стручен надзор во однос на одредување дали има или нема лекарски пропуст во лекувањето. Согласно ингеренциите кои ги има ДСЗИ, онаму каде што има нотирано пропуст се постапува веднаш со изрекување на решение и со казнена одредба пропишана со закон, истакна Сотирова Бухова.
Ново на Сител
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево
-
Жалби до Управниот суд за изборните приговори, прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Во голем пожар во пристаништето Медулин уништени над 30 јахти | ВИДЕО
-
Без струја делови од Чаир и Аеродром
-
Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина за забраната за користење на динарот на Косово
-
Путин го поддржува кинескиот план за мирно решавање на кризата во Украина
-
Стејт департментот му префрли на Конгресот една милијарда долари помош за Израел