ДУИ организира непосредни партиски избори во 10 ограноци
Демократската унија за интеграција денеска ќе организира директни партиски избори во 10 ограноци за претседатели и членови на претседателството на ограноците, како и за претседатели и членови на локалните совети.
Како што најавуваат од партијата, ограноците на Брвеница, Боговиње, Чашка, Долнени, Гостивар, Студеничани, Теарце, Тетово, Врапчиште и Желино, денеска на демократски и рамноправен начин, почитувајќи го принципот еден член еден глас, ќе избираат свое раководство за нов мандат.
– Овој целосно демократски процес се одвива во сите организациски структури, со најмалку двајца кандидати за секој локален совет или огранок. Демократската унија за интеграција ги повикува сите да станат дел од модерната градба на нашата заедничка иднина на наредните 20 години, велат од партијата.
Ново на Сител
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите