Два американски воени брода задржани во Иран

Два брода на американската морнарица, кои беа во Персискиот Залив, се задржании од страна на Иран.
Официјален Техеран соопшти дека екипажите на бродовите ќе бидат веднаш ослободени.
- Во контакт сме со Иран и добивме гаранции дека членовите на екипажите ќе бидат вратени, изјави портпаролот на Пентагон Питер Кук.
Тој наведе дека контактот со бродовите бил изгубен во Персискиот Залив меѓу Кувајт и Бахреин.
Најмалку десет членови на американската морнарица се задржани на островот Фарси, кој е под управа на иранската Револуционерна гарда.
Како една од можните причини за преземање на бродовите се наведува нивното влегување во иранските води.
Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест изјави дека членовите на екипажите набрзо ќе бидат ослободени и ќе можат да продолжат со своите активности.
Инцидентот уследи по проблематичните односи меѓу двете земји и подготовките во САД за воведување на уште санкции кон Иран.
Ново на Сител
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
