Дваесет и осум загинати во нападите на исламистите во Буркина Фасо
Најмалку 28 лица вклучувајќи војници и цивили загинале во два одвоени напади на вооружени лица во Буркина Фасо, соопштија регионалниот гувернер и армијата.
Армијата соопшти дека борбената единица во Фалангуту, на северот на земјата во близина на границата со Нигер, била нападната и загинале 10 војници, двајца доброволци и еден цивил. По нападот, како што информираа од Армијата, биле пронајдени телата на 15 напаѓачи.
Полковник Жан Чарлс дит Јенапоно Сом, гувернер на регионот Каскади во јужниот дел на земјата, во близина на границата со Брегот на Слоновата Коска, рече дека телата на 15 мажи, сите цивили, биле пронајдени по нападот. Тој истакна дека вооружени мажи запреле две транспортни возила во кои имало осум жени и 16 мажи. Посочи дека жените и еден маж се ослободени.
Западноафриканската држава Буркина Фасо и нејзините соседи Мали и Нигер се борат со бунтовниците поврзани со Ал Каеда и Исламската држава.
Милитантите зазедоа територии во сушниот и главно рурален север на земјата, убивајќи стотици селани и раселени речиси два милиони други. Тие ги блокираа градовите и селата, што ја влоши кризата со храна. Несигурноста поради милитантните напади придонесе за политичка нестабилност и два воени удари во земјата во јануари и септември 2022 година. Нападите на милитантите се проширија на југ. Имаше и прекугранични напади во крајбрежните држави, вклучително и Брегот на Слоновата Коска, Бенин и Того.
Ново на Сител
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски
-
Утре повторно бојкот на маркетите, министерот за економија најави нови мерки
-
Мицкоски: Одлуката на Уставен е конечна, ќе најдеме решение поединечно со компаниите
-
Се мапираат локалните предизвици
-
ИЈЗ: За една недела има над 3000 болни од грип – пријавени и два смртни случаи