Двајца кандидати за градоначалник во Делчево

Во ОИК во Делчево потврдени се листите на кандидатите за градоначалник и листите на кандидати за членови на Совет на општина Делчево кои ќе учествуваат на претстојните локални избори. Според информацијата на Владимир Петревски, претседател на ОИК во Делчево, во Делчево ќе има двајца кандидати за градоначалник и две листи со кандидати за советници.
- Потврдена е листата за кандидатот за градоначалник Горан Трајковски од СДСМ и коалицијата и на Иван Соколов од ВМРО ДПМНЕ со коалициските партнери. Исто така, овие две партии поднесоа и листа на советници од по 15 кандидати. Во Делчево на овие локални избори нема листа на независни кандидати за градоначалник и за советници, рече Петровски.
Тој додаде дека во текот на оваа недела, ОИК Делчево ќе ги докомплетира избирачките одбори кои ќе бидат составени од администрацијата и од политичките партии. Во Делчево ќе се формираат 36 избирачки одбори за 36-те избирачки места во градот и руралните населени места.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
