Двајца починати и четворица тешко повредени во три одделни сообраќајни несреќи

Двајца возачи починале, а еден возач и тројца сопатници од кои едно малолетно дете се потешко повредени во три одделни сообраќајни несреќи што се случиле во изминатото деноноќие.
Како што информира МВР, во ОВР Крива Паланка утринава во 04:50 часот е пријавено дека на магистралниот пат Граничен премин Деве Баир - Крива Паланка, во атар на село Узем, кривопаланечко, товарно возило „сканиа“ со косовски национални ознаки, управувано од Н.Х.(56) од Косово, излетало од патот и паднало во провалија. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Н.Х., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Во СВР Битола, пак, вчера во 14:41 часот е пријавено дека на локален пат за село Русјаци, општина Македонски Брод, патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.С.С.(41) од Кичево, излетало од коловозот и се превртело. Од здобиените повреди, на местото на несреќата починала 41-годишната К.С.С.. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на почината е дадено на обдукција. Со телесни повреди се здобиле сопатниците С.С.(69), М.С.(62) и шестгодишно дете, сите од Кичево, констатирани во Општа болница Прилеп.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
Во Полициската станица Гевгелија вчера во 18:30 часот е пријавено дека на сервисна улица покрај автопатот „Пријателство“, кон Граничен премин Богородица, патничко возило „даихатсу“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.М.(38) од село Петрово, гевгелиско, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.
МИА
Ново на Сител
-

Македонска делегација на комеморација за Холокаустот на македонските Евреи
-

Партиите за предлогот Савески да е државен обвинител
-

Тема на денот со Кирил Миноски, поранешен министер за финансии
-

Судијата Ненад Савески е предлог на Владата за нов државен јавен обвинител
-

Телеком со нова понуда за корисниците – Неограничен интернет и роаминг во повеќе земји
-

Судијата Ненад Савески е предлог на Владата за нов државен јавен обвинител
-

Цените на нафтата паднаа, Владата нема да прогласи кризна состојба
-

Мицкоски ќе побара од маркетите да не ги зголемуваат цените на производите
