Двајца велешани повредени откако со автомобил удриле во наплатната станица „Сопот“
Патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 41 годишниот А.Д. од Велес, синоќа по полноќ удрило во столб од наплатната станица „Сопот“, на автопатот Скопје – Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 41 годишниот Л.М. од Велес, кој бил сопатник во возилото, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Велес.
- По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.
Како што информира д-р Билјана Босилкова портпарол на ЈЗУ Општа болница двајцата повредени се здобиле со повреди и се вон животна опасност.
Таа додаде дека по укажаната лекарска помош и по сите направени испитувања повредените се под лекарски надзор во велешката болница.
Ново на Сител
-
Таравари: До крајот на неделата ќе има лекови на онкологија
-
Мицкоски: Злоупотребувале државни ресурси за да ме следат
-
Сиљановска во Полска
-
Загаден воздухот во Охрид
-
Српскиот премиер си поднесе оставка
-
Преглед на вестите од светот
-
Пoглаварите на МПЦ и СПЦ и високи гости од Србија, Р. Српска и Црна Гора на Светославска академија во Скопје
-
Светосавска академија во МНТ, патријархот Порфириј меѓу гостите во Скопје