Две лица се повредени во експлозија на автомобил во Москва
Две лица се повредени по активирањето на експлозивна направа поставена во автомобил во северниот дел на Москва, јавија руските медиуми, повикувајќи се на изјава на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Ирина Волк.
Повредените со возило на Брза помош биле пренесени во медицинска установа.
Во тек е истрага и е поднесена кривична пријава. Московското обвинителство го контролира текот и резултатите од истрагата.
Според досегашните информации, до експлозијата дошло кога маж и жена влегле во паркираниот автомобил. Двајцата се повредени и хоспитализирани, а според првичните податоци на мажот му биле откорнати стопалата, а жената се здобила со рани од шрапнели. Покрај тоа, од експлозијата оштетени се и пет автомобили паркирани во близина.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Се виде дека промената на Уставот не го решава проблемот со Бугарија
-
Левица: Предложивме Закон за огрaничување на кириите
-
Таравари: Ќе се трудиме да ставиме повеќе лекови на позитивната листа
-
Вработените во ЈСП се жалат дека не земале плата
-
МВР: Не чекајте последен момент за да ја смените возачката
-
Охрид има над 1500 крвoдарители
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар