Движењето „Пет ѕвезди“ речиси со изедначени резултати со коалицијата на Берлускони
Опозициското италијанско движење „Пет ѕвезди“ и коалицијата на десниот центар, предводена од партијата „Форца Италија“ на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, се речиси со изедначени гласови, според прелиминарните резултатит од вчерашните регионални избори во Сицилија.
Кандидатот на десниот центар за гувернер на островот, Нело Музумечи, освоил 35 отсто од гласовите, додека кандидатот на „Пет ѕвезди“, Џанкарло Канчелари, добил 34 проценти од гласовите, јави италијанската телевизија „РИА“.
Истовремено, телевизијата „Ла7“ објави дека Музумечи добил 37,5 отсто од гласовите, а Канчелари 36,4 проценти.
Претходно беше објавено, дека коалицијата на Берлускони има благо водство во однос на „Пет ѕвезди“, додека кандидатот на левиот центар е на трето место со значителна разлика во гласовите. с
Ново на Сител
-
Клековски: Лекови мора да има и ќе има за сите– имаме решение за проблемите во здравството
-
Истрага за две разбојништва извршени од 25-годишник во Скопје
-
ОН бараат Израел да го прекине „незаконското“ присуство на Западниот Брег и Источен Ерусалим во рок од 12 месеци
-
Најмалку тројца загинати, стотици ранети во нови експлозии во Либан
-
Исчезнато 45-годишно лице со здравствени проблеми од скопска Кисела Вода
-
Ограбена спортска обложувалница во Чаир
-
Драчевчанец споделувал експлицитни содржини од неговата малолетна девојка
-
Малолетник нападнат од повеќе лица во средно училиште во Бутел