Џенифер Лопез го оставила Каспер поради неверство
Недоаѓањето на забава веројатно е глупава причина да оставите некого, но кога тој не може да прекине со неверствата, тогаш тоа е сосема оправдана причина за ставање крај на врската.
Токму неверството, како што објави „Пипл“, било причина латино дивата Џенифер Лопез пред два месеци да го остави нејзиното помладо момче Каспер Смарт.
Да потсетиме, 47-годишната актерка и пејачка го остави 29-годишниот танчер во август годинава по пет години врска.
Џенифер веќе еднаш му простила неверство, но по втор пат неможе да премине преку тоа.
- Првпат ја изневерил пред две години и тогаш и ветил дека тоа повеќе нема никогаш да го повтори. Сепак се повтори, таа го фати и тоа беше крај, открива непознат извор за „Пипл“.
Кога беше обелоденето прекинувањето на врската, се тврдеше дека Каспер добил „корпа“ затоа што не сакал да се појави со Џеј Ло на една хуманитарна забава во Хемптон, но сега се покажа дека тоа било само озборување.
Факт е дека Каспер истата вечер беше во Лас Вегас каде гледаше бокс меч, наместо да присуствува на настан кој наводно и бил многу важен на неговата девојка.
По прекинот, убавата латино дива ја поврзуваа со Ди-Џеј-от Келвин Харис, но гласините никогаш не беа потврдени.
Злобниците сега коментираат дека ги интересира кој ќе дава џепарлак од десет илјади долари неделно на Каспер.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата