Џез-концерт на „Скопско лето“
Во рамки на „Скопско лето“, вечер од 20.30 часот во Сули ан - Факултет за ликовни уметности концерт ќе одржи интернационалниот ансамбл „Csps jazz ensemble”.
Во него членуваат: Дејв Вилсон од САД (баритон саксофон), Стелиос Цаѕиклеас од Грција (труба) и македонските музичари Кирил Кузманов (алт саксофон), Иван Иванов (тенор саксофон), Бојан Петков (гитара) Кирил Туфекчиевски (контрабас) и Ратко Даутовски (перкусии).
CSPS Ensemble е формација од овие седум џез музичари кои во текот на изминатата година работеа на составувањето на музичкиот проект „ENCOUNTER”.
На вечерашниот концерт премиерно ќе бидат изведени делата: Cygnus Atractus; Mist in the Missed; Keep It To Yourself; Joanica; Got Away; That One; Karma Bura и The Red Barbunya.
- И покрај тоа што станува збор за релативно млади музичари, тие во изминатите години активно работат на своите кариери свирејќи во различни џез-состави, честопати работејќи и на заеднички проекти, за во овој проект да ги спојат своите интересни музички идеи и енергии, создавајќи автентичен модерен џез-материјал кој вклучува претежно авторска музика, но и дела кои досега не биле изведени пред македонската публика. Материјалот исто така е снимен на цеде, во продукција на Ален Хаџи Стефанов и се преговара за негово издавање со издавачки куќи од Европа и САД, соопшти фестивалот „Скопско лето“.
Ново на Сител
-
Филипче: Најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб
-
Песков: Путин и Трамп се согласуваат дека е можно мирно решение за Украина
-
Најмалку 20 повредени при влетувањето на автомобил во толпа во Минхен, возачот е уапсен
-
Бугарин приведен во Куманово за измама на повеќе лица
-
Јаневска: Расправата за концепцијата за гимназиско образование ќе продолжи, предлозите се генерално за зголемен број часови
-
АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети, уништени 22,3 тони небезбедна храна | ФОТО
-
Поднесена кривична за директорот и неколку службени лица на РЕК Битола
-
Бугарија реагира на изјавите на премиерот Мицкоски