Џони Деп го загуби случајот против „Сан“
Џони Деп ја загуби тужбата против британскиот таблоид „Сан“ и главниот уредник Ден Вутон, којашто неколку месеци се водеше во Кралскиот суд на правдата во Лондон, Велика Британија.
Во фокусот на тужбата беше напис објавен на интернет-страницата на списанието „Сан“ во април 2018 година, под наслов „Несовесно: Како може Џ.К. Роулинг да биде ’многу среќна‘ со најмувањето на сопруготепачот Џони Деп во новиот филм ’Фантастични ѕверки‘?“ („Gone Potty: How can JK Rowling be ‘genuinely happy’ casting wife beater Johnny Depp in the new Fantastic Beasts film?”).
Џони Деп смета оти називот „сопруготепач“ е навреда и нарушување на неговиот углед.
Во својот заклучок, судијата истакна: „Тужителот [Деп] не успеа да ја докаже постапката за клевета. Иако, ги докажа неопходните елементи на својата причина за дејствување при клевета, обвинетите покажаа дека она што го објавија во смисла како што јас го разбрав, е во суштина вистина. Дојдов до овие заклучоци детално испитувајќи ги 14-те инциденти на кои се повикуваат обвинетите, како и главните размислувања што ги поднесе тужителот сакајќи да ги земам предвид“.
Пресудата следеше по тринеделното сослушување во Кралскиот суд, во јули годинава, кога беа слушнати остри обвинувања од секоја страна во врска со неуспешната врска меѓу Деп и неговата поранешна сопруга – глумицата Амбер Хард.
Ново на Сител
-
Познати се полуфиналните пресметки во ракометната лига на шампиони
-
Србија, Хрватска и Словенија во финалето на „Евросонг“
-
Македонските ракометари вечерва го стартуваат мундијалскиот бараж против Фарски Острови
-
Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација
-
Русија утринава почнала масовен ракетен и напад со дронови врз Украина
-
ЛШ: ПСЖ ја пречекува Борусија и се надева на второ финале
-
„АстраЗенека“ ја повлекува од пазарот во ЕУ својата вакцина против Ковид-19, неколку месеци по признавањето за нуспојави
-
Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување на процесот не е утврден