ДЗС: Поповолна состојбата во преработувачката индустрија
Поповолна оценка за економската состојба на фирмите во преработувачката индустрија во август во однос на јули годинава, како и споредено со август лани, изнеле раководителите на фирмите во анкетата за Државниот завод за статистика (ДЗС).
Како што објави денеска ДЗС, очекувањата на раководителите се бројот на вработени да расте. Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија, како што оцениле, во август споредено со јули годинава е повисок за 0,4 проценти, а во однос на август минатата година за 1,9 проценти.
- Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во август 2017, во однос на јули 2017 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поволни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe намалени во однос на јули 2017 година, покажуваат статистичките податоци.
Просечното искористување на капацитетите на фирмите минатиот месец изнесува 65,5 проценти од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на прозводството имале: недоволната странска побарувачка со 21 процент, недоволната домашна побарувачка со 18,6 проценти, недостигот на квалификувана работна сила со 18,3 проценти и неизвесното економско опкружување со 12,1 процент.
Ново на Сител
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк