ЕЦДЦ: Лицата кои патуваат во Африка да се вакцинираат против мпокс
Луѓето кои ќе патуваат за Африка би требало да размислат за вакцина против мпокс (мајмунски сипаници), соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ЕЦДЦ).
– Поради блиските врски меѓу Европа и Африка мораме да бидеме подготвени за повеќе увезени случаи на инфекција, изјави Памела Ренди-Вагнер од ЕЦДЦ.
Според ЕЦДЦ мал е ризикот од глобално ширење на вирусот, затоа лицата треба да бидат вакцинирани со една наместо со две дози вакцина против мпокс.
Зголемена доза вакцина обично се препорачуваат на секои две до 10 години ако лицето е во постојан ризик од изложеност на болеста.
Но, Светската здравствена организација (СЗО) неодамна прогласи глобална вонредна состојба за јавно здравје поради ширењето на мпокс.
Мајмунските сипаници изминатите месеци усмртија најмалку 450 луѓе во Конго. Болеста може да се пренесе со контакт со заразено лице, а симптомите се слични на грипот.
Во Шведска неодамна беше откриен случај на мајмунска сипаница кај лице кое се заразило со неа за време на престојот во Африка.
Ново на Сител
-
Пратениците го одобрија унгарскиот заем од половина милијарда евра
-
Наим Рамука сменет од началничкото место поради пропуштањето на возилата на Гаши на „Блаце“
-
„Балансерот" за вработување пред Уставен суд
-
Бугарското МНР во одбрана на амбасадорот Радуков
-
Откажана утрешната средба на историската комисија со Бугарија
-
Различни мислења за есенската кошница: Замрзнување на цените или зголемување на производството?
-
Митева: Наместо пренос на електрична енергија, МЕПСО спонзорирал спортски клубови
-
Студентите реагираат на зголемените трошоци, тече вториот уписен рок на државните универзитети